ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР ПО ПУКАЊЕТО НА СЕМЕЈНА ВЕСЕЛБА: Шестмина приведени, пронајдени пиштоли, пушка и муниција

Полицијата спроведе голема акција во гостиварското село Добридол, откако на социјалните мрежи беше објавено видео од пукање за време на семејна веселба. Во координирана акција на полициски службеници од СВР Тетово, денеска беа извршени претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, едно лице е повикано на службен разговор, а пронајдени и одземени се повеќе парчиња оружје и муниција. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при претресите кај неколку лица биле пронајдени гасен пиштол, пиштол со осум куршуми, ловна пушка со седум куршуми, како и 30 куршуми за гасен пиштол. Во дворот на еден од осомничените биле пронајдени и 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје. Во рамки на акцијата биле лишени од слобода Б.А. (46), неговиот син М.А. (21) и Т.М. (26), додека претходно биле извршени претреси и кај уште неколку лица од селото Добридол. Едно лице било повикано на службен разговор. Сите приведени се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува дека против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави. Објавената снимка од пукањето на семејната веселба предизвика бројни реакции во јавноста, по што полицијата експресно презеде мерки за расчистување на случајот. [facebook_post url="https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/posts/pfbid02maVB4qSQj9PCh3Vy3REHBa884YvfJoqWgRQg6vmf9UaxtvcYyev5XLtYNP8Gn58Hl"]

