klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Голема акција: Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, приведен возачот на камионот

Голема акција: Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, приведен возачот на камионот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·28. 07. 2026. 07:43:14

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени. Со оваа акција Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti