Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија. По земјотресот издадено е предупредување за цунами. Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу. По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи Сендај и Генкај. Додека железничкиот оператор „Џ.Р. Кјушу“ наведе дека ги прекинал железничките услуги, вклучително и брзите возови Шинкансен. Јапонија, која е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, е една од сеизмички најактивните земји во светот, каде земјотреси просечно се случуваат на неколку минути.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Potpuna obustava saobraćaja preko mosta Đurđevića Tare od 10. avgusta
