Svijet Sjeverna Makedonija
Голем напад со дронови врз Санкт Петербург

Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 12:35:31
Санкт Петербург утрово беше погоден од голем напад од украински беспилотни летала, а системите за воздушна одбрана се активни, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов. Властите им советуваа на жителите на Санкт Петербург да останат во затворен простор и да избегнуваат излегување надвор додека не се укине предупредувањето за дроновите. Можни се прекини во мобилниот интернет, објавија руските власти. Гувернерот Александар Дрозденко соопшти дека вкупно 67 беспилотни летала се уништени од руските сили за воздушна одбрана над целиот Ленинградски регион. „Борбената работа продолжува“, напиша тој на каналот Макс. Гувернер додаде дека остатоци од соборени дронови паднале во близина на пристаништето Висоцк, пренесоа руските медиуми. (МИА)
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.
Povezane vijesti

Украински дронови погодија нафтен терминал во близина на Санкт Петербург, нападнато е и пристаниште во Финскиот Залив (ВИДЕО)
MKD.mk·04. 07. 2026.

(ВИДЕО) Санкт Петербург во пламен – масовен напад со украински дронови
A1on·04. 07. 2026.

Sankt Peterburg pogođen masovnim napadom dronova
BIG Portal·04. 07. 2026.