klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Голем интерес за мерката за самовработување, пријавени над 5.000 кандидати

Голем интерес за мерката за самовработување, пријавени над 5.000 кандидати
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·03. 07. 2026. 18:38:53

Денеска е последниот ден за аплицирање за мерката за самовработување, а интересот е значително поголем во однос на лани. Заклучно со вчера, пријавени се повеќе од 5.000 кандидати, од кои 2.002 се млади до 29 години, информира заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески при посетата на Центарот за вработување во Прилеп. -Ги посетивме центрите за вработување низ земјава и реализацијата на годинашниов оперативен план преку мерката за самовработување се одвива добро. Секаде има зголемен интерес. Инаку, прилепчани се едни од најактивните и досега се пријавиле 316 апликанти што е повеќе од лани. Од наредната недела ќе следува уште една атрактивна мерка, а тоа е помош на правните субјекти за вработување каде посебно ќе се субвеницонира вработувањето на младите луѓе. Приоритет на Министерството и на Владата е да се вработуваат млади луѓе и да ги постигнеме основните цели: да ја намалиме невработеноста која сега е и на најниско ниво, да овзможиме развој на локалната економија и најбитното, да ги задржиме младите и работоспособните луѓе во земјава- рече Ристески. Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво веќе има подготвено прирачник кој ќе им помогне на апликантите кои го пополнуваат прашалникот при кој се прави првичната селекција. Мерката самовработување има успешна реализација…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti