klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ СО ДИГЕСТИВНИ ПРОБЛЕМИ: Обвинителството покренува истрага, вонредни контроли на водата во водоводот во Гостивар

ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ СО ДИГЕСТИВНИ ПРОБЛЕМИ: Обвинителството покренува истрага, вонредни контроли на водата во водоводот во Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 09:39:42

Исправноста на водата за пиење во градскиот водовод во Гостивар се проверува со вонредни контроли за да утврди дали има поврзаност со зголемениот број на пациенти со дигестивни проблеми. Во меѓувреме, од ОЈО на новинарско прашање одговорија дека за незаконска интервенција во водоводната мрежа, по наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење. По појавата на зголемен број на граѓани кои изминативе десетина денови се жалеа стомачни тегоби, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) побара да се спроведат вонредни контроли на водата за пиење која се дистрибуира во градскиот водовод. Од одделението за хигиена и здравствена екологија при центарот за Јавно здравје, ПЕ Гостивар, потврдија дека вчера е спроведена вонредна контрола и дека се земени примероци од четири мерни места. -Што се однесува до водата и поради ситуацијата, направивме, покрај редовните и вонредни анализи. Последните резултати од анализите што ги направивме од понеделникот беа добри, односно физичко-хемиски и микробиолошки беа во ред. Вчера зедовме уште некои вонредни анализи, меѓутоа за нивните резултати треба да почекаме до утре или евентуално до понеделник. Така што, во моментов не можеме ништо конкретно да кажеме за нив, изјави за МИА, д-р Берун Мустафа, специјалист…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti