Гоце Делчев и гемиџиите – светилници на македонската борба за слобода

Случајно или не, во пошироката јавност со децении поголемо внимание се обрнува на Илинденското востание отколку на случувањата во Македонија и борбата на Македонците за слобода и човечки правдини со децении, па и векови претходно, но и во децениите по трагичното Илинденско востание. Во овој фељтон, кој е продолжение на претходниот „Од Митровден до Ѓурѓовден“, вниманието е насочено токму кон таквиот вид информации. Во претходните неколку продолженија за првпат по многу време во јавноста ги споменавме хектографските весници и заборавениот весник на Гоце Делчев, кој се објавувал токму пред Илинденското востание. На цела Европа ѝ станало јасно токму во предилинденскиот период дека бурата во Македонија, тогашната „заостаната, политички обесправена и неконтролирано експлоатирана турска провинција“, е неизбежна, а тоа се случило поради „првите терористи на 20 век“ – „гемиџиите“, организаторите и извршителите на страшните Солунски атентати. Ефектот во европската јавност и дипломатските кругови бил толку силен, што подвигот на овие бестрашни македонски младинци веднаш го свртел вниманието на светот. Тие верувале дека нивната саможртва ќе ги принуди големите европски сили да се погрижат за подобрување на положбата на населението во Македонија – обврска што тие ја имале и како морално задолжение по Берлинскиот конгрес, пишува м-р Никола Ристевски за НОВА МАКЕДОНИЈА…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Masakr u Kijevu: Rusi projektilima napali izložbu oružja, 10 mrtvih i više od stotinu ranjenih
