klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ГЛАДНА КОКОШКА ПРОСО СОНИЛА : СДС си ја затвори ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕФОРМИ која не ни почна да работи

ГЛАДНА КОКОШКА ПРОСО СОНИЛА : СДС си ја затвори ПЛАТФОРМАТА ЗА РЕФОРМИ која не ни почна да работи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·07. 07. 2026. 09:56:00

Платформата на Игор Ивановски Шема, Андреј Петров, Славјанка Петровска, Емилијан Станковиќ, Ивор Мицкоски и останатите т.н. Реформатори се уште не ни почнала да функционира, а СДС на Венко Заев веќе ја затвори и прогласи за минато. Стравот на актуелната врхушка на СДС оди дотаму што од пуста желба посакуваното да стане реалност самите си ја затворија и си констатираа дека толку било со иницијативата за реформи во СДС и изведување на прав пат, не по овој кој го газат Заевци и свитата која ја носи партијата во провалија, со години. Така, гладната кокошка од Бихаќка синоќа сонила просо, па денеска уште рано наутро го пренела „на хартија“ сонот на врхушката: „Платформата за иднината на Мицкоски се распадна, уште не почната Во емисијата „Во Центар“, Андреј Петров отворено призна дека групата работи веќе осум месеци против СДСМ. Прво го туркаа Јован Деспотовски како промотор, потоа Петре Шилегов. Сега, во истата емисија, признаа дека ниту едниот ниту другиот не биле поканети на нивниот состанок. Луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња. Говорат за „единство“ и „реформи“, а не можат да ги задржат ниту првите двајца промотори кои сами ги лансираа. Група од десетина луѓе, која не може да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti