Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен

Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, објави градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во постојана координација се со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба, нотира Ѓорѓиевски и додаде: „Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број: 📞 +389 78 207 687 Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и смирени, да ги следат препораките на надлежните институции и да соработуваат со службите на терен“. Службите се мобилизирани. Екипите се на терен. Граѓаните не се сами.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Во Клиниката за ТОАРИЛУЦ примени девет повредени во невремето во Скопје, од кои две потешко
