klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·28. 07. 2026. 10:02:45

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи. -Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа - вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук. Тој посочува дека со оваа мерка ќе ги намалат социјалните разлики, го олеснат финансискиот товар на семејствата и ќе им овозможат на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно - образованието, личниот развој и градењето на својата иднина. [facebook_post url="https://www.facebook.com/1OrceGj/posts/pfbid02jpUvMNKQS3HQyqpfn5iN6WXLyUR1hrojYifSAcb3YWZ7CkH7sL2iJHbXmfQh7xyql"] -Униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика која со години се применува во голем број современи образовни системи. Со низа конкретни мерки го претвораме училиштето во вистинска основа за знаење, успех и иден кариерен напредок. Во средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство. Затоа што вредноста на еден ученик не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради. Влогот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti