Ѓорѓиевски: Со силно темпо се работи на најважните инфраструктурни проекти за Скопје

По повеќегодишен застој предизвикан од нерешени имотно-правни односи, изградбата на клучката „Момин Поток“ денес се одвива со засилена динамика. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека веднаш по преземањето на функцијата биле преземени конкретни чекори за надминување на долгогодишните пречки и за продолжување на реализацијата на овој исклучително значаен инфраструктурен проект. „Уште од првиот ден силно се заложивме да ги решиме проблемите што со години ја блокираа изградбата на клучката ‘Момин Поток’. Денес, на терен се гледаат конкретни резултати и проектот конечно напредува со динамиката што ја заслужува“, изјави Ѓорѓиевски. Во рамки на тековните градежни активности, поставен е нов асфалт на коловозните ленти за влез во Скопје. По целосното расчистување на трасата, ќе продолжи изградбата и на коловозните ленти во правец кон булеварот „Словенија“. Паралелно се работи на изградба на три моста. Во моментов се врши уривање на стариот дел од мостот над реката Серава. Првиот дел од новиот мост е веќе изграден, а во следната фаза ќе се пристапи кон негово целосно комплетирање. Истовремено, во тек е и изградбата на нова атмосферска канализација, со што ќе се обезбеди подобро и поефикасно одведување на атмосферските води во овој дел од градот. Со целосната реализација на клучката „Момин Поток“ значително ќе…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
"JA SAM ZASLUŽIO PRVO MESTO" Izbačeni učesnik objasnio zašto misli da je trebalo da pobedi: Pokazao sam najbolje i najgore strane sebe (VIDEO)
