klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Се стабилизира состојбата во Скопје, над 1000 работници од ЈП на терен, остануваме будни

Ѓорѓиевски: Се стабилизира состојбата во Скопје, над 1000 работници од ЈП на терен, остануваме будни
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·01. 07. 2026. 16:21:28

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека со брза, навремена и координирана реакција спречиле поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје. - Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните. Во постојана координација сме и со колегите градоначалници, како и со сите надлежни институции. Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност, вели Ѓорѓиевски. Истакна дека на терен биле над 1000 работници од градските јавни претпријатија кои работеле на санирање на последиците од невремето. -Скопје и скопјани не се оставени сами. Скопје има луѓе кои се на терен кога е најпотребно, нагласува скопскиот градоначалник.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti