klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 08. 2026. 13:21:07

Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки - информираше Ѓорѓиевски. Тој додаде дека вкупно 1.200 пациенти побарале помош. Нивната документација, како што се појаснува во објавата на Фејсбук, се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицирале ќе била завршена во текот на наредната недела. Според градоначалникот на Скопје, ова е јасна порака дека никој не е сам. - Дека зад секоја борба постои некој што верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови постои рака што ќе ве поддржи, збор што ќе ве охрабри и надеж што никогаш не згаснува. Болеста може да го отежне патот, но, не смее да ја одземе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti