klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Тигањ

Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Тигањ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·10. 07. 2026. 10:47:39

Градоначалникот денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб. Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи. Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи. На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија. Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti