Ѓорѓиевски: Нека живее Скопје – градот на солидарноста, надежта и непокорот, нека е вечен споменот на жртвите

Скопје се сеќава… На денешен ден, пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, времето за Скопје застана. За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет, посочи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите. Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна. Но, од правот, урнатините и солзите се роди надеж. Светот му подаде рака на Скопје, а градот, како феникс од пепелта, повторно се издигна и стана симбол на човечноста и светската солидарност, вели тој. Скопје повторно беше изградено со љубов, храброст и подадени раце од целиот свет. -Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас - да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел. Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина. Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Ruski mediji: Pet alpinista iz Bosne i Hercegovine poginulo na planini Elbrus
