klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓорѓиевски: Историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз

Ѓорѓиевски: Историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 16:16:39

Одлична вест за скопјани. Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. Тој упати благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до министерот Александар Николоски за, како што вели, силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани. -Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз - помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани. Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија. Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје, пишува Ѓорѓиевски. Додава дека за само неколку месеци докажале дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка - нема невозможни работи. -Кога се сака, сѐ се може! Скопје го правиме заедно. По скопски, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti