Ѓорѓиевски: Адолф Циборовски помогна да се зачува душата на Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Старата скопска чаршија, заедно со граноначалникот на општина Чаир Изет Меџити, ја откри спомен-плочата посветена на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски. На свеченоста присуствувале внуката на Циборовски и претставници на Амбасадата на Полска, а со поставувањето на спомен-плочата е оддадена почит за неговиот значаен придонес во зачувувањето на Старата скопска чаршија, еден од најпрепознатливите симболи на главниот град. Ѓорѓиевски потсети дека по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се креирала новата визија за обновата на Скопје, Циборовски бил меѓу меѓународните експерти кои се залагале Чаршијата да остане составен дел од градот. „Во време кога постоеле идеи историското јадро да биде заменето со целосно модерни градби, тој ја бранел визијата дека Скопје треба да се развива, но без да ги изгуби својата историја, традиција и препознатливост“, истакна Ѓорѓиевски. Според него, поставувањето на спомен-плочата претставува мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогнал да се зачува духот на Старата скопска чаршија. „Чаршијата е историја, култура, паметење и жив идентитет на Скопје. Наша обврска е да ја чуваме, да ја унапредуваме и да им ја оставиме на идните генерации како сведоштво за градот кој знае да се развива, но никогаш не ги заборава…


