Ѓорѓиев: ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ

Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија, се наведува во соопштението од изјавата на Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар. -Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот во заминување дека во Центар неговите „другари“ од СДС владеат повеќе од една деценија. За сè што се случува во општината, вклучително и повисоките цени на паркирањето за жителите, вината е кај кадрите на СДС. Итно бараме, Советот уште на следната седница да му наложи на ПОЦ да го запре легалниот рекет кој го спроведува врз центарци, да го врати стариот ценовник и веднаш да престане да ја навредува интелигенцијата на центарци со оправданија дека „не било до нив“. До вас е, рече тој. Ѓорѓиев посочи дека ако Герасимовски е навистина лажно убеден дека вината лежи на друго место, тогаш нека одговори, дали веќе не оди на состаноци во Општинскиот одбор на СДС Центар, бидејќи ја има изгубено поддршката и во сопствените редови, и нема како да им каже…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
