Ѓоревски: Играњето во Европа ми беше желба уште од првиот ден кога дојдов во МЗТ

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по 25 години повторно ќе настапува во европско натпреварување под капата на ФИБА, а освојувањето на домашните трофеи останува приоритет. За амбициите, формирањето на тимот, младинската школа и иднината на клубот за интернет страницата на МЗТ зборуваше извршниот директор, Филип Ѓоревски. „Играњето во Европа ми беше желба уште од првиот ден кога дојдов во клубот. Летово конечно се поклопија сите услови за да го реализираме тој план и решивме да го прошириме нашиот видик со настап во ФИБА Еврокупот. МЗТ Скопје, како најтрофеен и најдоминантен македонски кошаркарски клуб во последните 15-тина години, има обврска да ја претставува Македонија и на европската сцена. Освојувањето на домашните трофеи секогаш ќе биде наш примарен приоритет, но истовремено сакаме повторно да ја вратиме атмосферата која некогаш владееше во „Јане Сандански“, кога во Аеродром гостуваа европски клубови како Реал Мадрид,УЛМ, Порто или Бенфика Верувам дека ова ќе биде дополнителен мотив за нашите навивачи, симпатизери, но и за сите љубители на кошарката да дојдат во салата и да ни помогнат да оствариме што подобар резултат“, рече Ѓоревски. Ѓоревски вели дека групата во Еврокупот ќе биде исклучително интересна и нема да биде лесна. „Добивме исклучително интересна група, која воопшто не е…


