klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на УС Опен

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на УС Опен
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 20:58:52

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка во квалификациите за пласман на главниот турнир на УС опен, откако вечерва загуби во воведното коло од Јапонката Маи Хонтама со 2-0 во сетови (7- 6, 6-3). Во првиот сет двете тенисери имаа по три брејк гема, а Јапонката Хонтама беше во постојано водство. По 2:0 и 4:1 во гемови за јапонската тенисерка Ѓорческа успеа да израмни на 5:5, но во тај-брејкот противничката поведе со 6:0 во поени и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет, Хонтама повторно поведе со 2:0 во гемови, а откако Ѓорческа израмни на 3:3, јапонската тенисерка направи два брејка и сетот го доби со 6:3. За пласманот во квалификациите на грен слем турнирот во Њујорк, македонската тенисерка освои два поени и заработи 32.000 долари.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti