Ѓорче Петров формира Комисија за процена на штети и донира 300.000 денари за Гостивар

Советот на Општина Ѓорче Петров денеска одржа вонредна седница на која донесе две важни одлуки поврзани со справувањето со последиците од природни непогоди и изразувањето солидарност со граѓаните погодени од кризата во Гостивар. Советниците донесоа Одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи. Комисијата ќе биде задолжена за процена и евидентирање на штетите на територијата на Општина Ѓорче Петров, како и за подготовка на збирен извештај согласно законските прописи и утврдената методологија. На истата седница беше усвоена и Одлука за доделување хуманитарна помош во висина од 300.000 денари за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење. Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ѓорче Петров, а ќе бидат уплатени преку Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија. Од Општината истакнуваат дека со овие одлуки уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон навремено справување со последиците од природните непогоди на локално ниво, но и кон меѓусебната солидарност и поддршка кога граѓаните во други општини се соочуваат со сериозни предизвици. „Општина Ѓорче Петров ќе продолжи одговорно да постапува во интерес на граѓаните и да придонесува кон заедничко надминување на последиците од кризните ситуации“, се…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

“Upravo sam večeras završio”: Iznenadna objava Kaspera o Mini, evo šta je uradio
