klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ѓоко Велковски: Младите мора да почувствуваат дека иднината им е во Македонија

Ѓоко Велковски: Младите мора да почувствуваат дека иднината им е во Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·07. 08. 2026. 09:54:15

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, говори за својот личен и професионален пат, предизвиците со кои се соочуваат младите, поддршката за родителите, развојот на детските градинки и потребата од долгорочна демографска политика. Во интервју за КУРИР тој ја претставува својата визија за Министерство кое не управува само со постојните проблеми, туку создава услови за развој, сигурност и подобар живот на сите генерации. Кога ќе се тргнат функцијата, протоколот и политичките обврски, кој е Ѓоко Велковски? Пред сè, јас сум човек кој верува во работата, одговорноста и во почитувањето на дадениот збор. Функциите се менуваат, но вредностите со кои човек живее и работи остануваат. Израснав со сознанието дека довербата не се добива автоматски со титула, туку се заслужува секој ден преку односот кон луѓето и обврските што сме ги презеле. Мојот професионален и политички пат не започна со желба за функција, туку со желба да учествувам во создавањето систем што подобро ќе им служи на граѓаните. Низ годините видов дека зад секој документ, број или административен предмет стои човек, дете или семејство кое очекува институциите да функционираат. Најважната особина што ја носам во оваа функција е чувството на одговорност. Кога знаете дека вашите одлуки влијаат врз секојдневието и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti