Ѓаволска коалиција

Во контекстот на онаа, да простите, инфантилна шмизла која се претвори во кукла од слама во рацете на нејзините новоизбрани „сонародници“ од источната страна на границата, малку е да се каже дека станува збор за скандалозен случај, непринципиелен однос, криминални постапки…, зашто сето тоа е преблаго за шурувањето на одредени локални поединци и групи со онаа хистерична националистичка бугарска машинерија. Затоа конструктот ѓаволска коалиција е, чинам, најреален за тоа меѓусоседско братско оро во коешто, покрај секогаш надобудни и прилично приглупи македонски „новинари“, „интелектуалци“, политиканти и останатата перманентно спремна братија, повторно и по којзнае кој пат како ороводци се појавуваат оние од сектана што го глуми некогашниот сдсм (малите букви се објективна состојба на нивната минорност на македонската политичка сцена). И тоа двете „крила“: она „шемаџиското“ што се подметнува како некаква опозиција, а во случајов смислува небулозни приказни – или шеми, како сакате – за некакви меѓудржавни злосторнички заговори, и она „официелното“, со секојдневните малоумни измислици и изливи на бес и омраза кон власта, заборавајќи го притоа дури и своето не така дамнешното минато и улога во еден идентичен бандитизам. При што обете поткршени „крилја“ на групацијата само докажуваат дека се израстоци од едно исто тело и дека меѓу нив всушност…
Povezane vijesti

БУГАРСКИ РАДИКАЛИ СО ЖЕСТОК ГОВОР НА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНИЈА ЈА БРАНАТ БЕГАЛКАТА МИХАИЛОВА: Потерницата по Ива го разбуди националистичкото лудило во Софија

Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор
