Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан

Германските служби за вработување ја предупредија владата да не ја преполовува квотата за работници од земјите од Западен Балкан кои не се членки на ЕУ, наведувајќи дека тоа може дополнително да го влоши акутниот недостиг на квалификувана работна сила во земјата, пренесе ДПА. Сојузната агенција за вработување во Нирнберг денеска објави дека повеќе од половина милион луѓе од Западен Балкан во моментов се вработени во Германија на работни места за кои се плаќаат придонеси за социјално осигурување. Ванеса Ахуџа, член на управниот одбор на Агенцијата, порача дека не смее да се намалува моменталната годишна квота од 50.000 лица од регионот кои можат да дојдат на работа во Германија – позната како „Регулатива за Западен Балкан“. Во моментов, 53 отсто од лицата, кои од овој регион се префрлиле во Германија, работат како квалификувани работници или поседуваат повисоки квалификации. Околу половина од нив работат во сектори каде што постои критичен недостиг на работна сила, потсетува ДПА. -Преполовувањето на квотата ќе го ослаби успешниот модел на имиграција, ќе го влоши недостигот на квалификувана работна сила и ќе им ја отежне на компаниите потрагата по нови работници, изјави Ахуџа. Таа додаде дека, за да бидат успешни владините посебни инвестициски програми и планот за „турбо“…
Povezane vijesti

Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан

Германската агенција за вработување се противи на намалувањето на работните визи за Западен Балкан
