klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Германија предлага Мисијата на ОН во Либан да биде заменета со сили под мандат на ЕУ

Германија предлага Мисијата на ОН во Либан да биде заменета со сили под мандат на ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·17. 07. 2026. 09:26:24

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, предложи мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) чиј мандат наскоро истекува, да биде заменета со сили на Европската унија, со цел да се спречи создавање безбедносен вакуум. „Би требало во рамки на Европската унија да ја разгледаме дали можеме со европски мандат да спречиме настанување безбедносен вакуум по завршувањето на мисијата УНИФИЛ“, изјави Вадефул во интервју за германски медиуми. Мандатот на УНИФИЛ истекува на 31 декември оваа година. Германскиот Парламент пред неколку недели последен пат го продолжи германското учество во таа мисија. Вадефул оцени дека Либан со стабилизирачка влада, претставува „еден од најоптимистичките поместувања во регионот во овој момент“. Тој посочи дека силите под мандат на ЕУ би можеле да создадат услови за повлекување на израелската армија, без повторно зајакнување на Хезболах. Предлогот доаѓа во период кога европските земји настојуваат да ја зачуваат стабилноста во регионот и истовремено да одржат балансирани односи со Израел и Либан.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti