Гаши на средба со претседателот на Парламентот на Грузија: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата. Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членови на Пратеничката Група за соработка со Грузија, како и заменик генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи. Претседателот Гаши се заблагодари на претседателот Папуашвили за гостопримството и оцени дека ова е можност заеднички да ги постават основите за продлабочување на натамошната соработка помеѓу двата парламенти, но и помеѓу двете држави. Тој изрази задоволство што последниве години има поголема иницијативност за приближување на двете држави и ја поздрави одлуката за взаемно укинување на визите, што започна од септември 2021 година, што е значаен чекор за натамошно приближување на меѓусебните односи и зајакнување на соработката на сите полиња. Претседателот Папуашвили изрази благодарност за поддршката што Грузија ја добива од нашата држава во однос на територијалниот интегритет и суверенитет. Тој потенцираше дека, за нас како мали држави, важно е мирот и стабилноста и регионално и глобално да се базираат на меѓународното право…
Povezane vijesti

Тест на личноста: Што кажува обликот на вашата рака за вас?
NIKARAGVA PREKINULA DIPLOMATSKE ODNOSE SA ITALIJOM Sukob zbog čoveka osuđenog za ubistvo Alda Mora
