klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Гаши бара одговори од Тирана

Гаши бара одговори од Тирана
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·09. 07. 2026. 13:29:31

Претседателот на Собранието Африм Гаши бара одговор од Албанија, а во МНР се очекува да биде повикан албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, дознава „Слободен печат“ од високи функционери од власта, откако вчера, на пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и на заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, им бил забранет влез во Албанија. Од Вреди, партијата чии пратеници еден час биле задржани на граничниот премин Ќафасан, иако имале дипломатски пасоши, информираа дека очекуваат официјална Тирана да објасни зошто се задржани функционерите и дали за нив има забрана за влез во Албанија. Гаши, реагираше на информациите за задржувањето на пратеници на граничниот премин Ќафасан и бара целосно и транспарентно објаснување од надлежните органи. Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Македонија на граничниот премин Ќафасан. Пратениците се избрани претставници на граѓаните и носители на уставен мандат. Поради тоа, секое постапување што го засега нивниотавторитет и нивната функција треба да биде во согласност со највисоките стандарди на почит и достоинство што им припаѓаат на избраните претставници на народот. Имајќи ги предвид традиционално добрососедските, а пред сѐ братските односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, верувам и очекувам целосно и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti