klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Гаринча – кривоногиот фудбалски ангел: Колумна на Сотир Костов

Гаринча – кривоногиот фудбалски ангел: Колумна на Сотир Костов
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 13:11:50

23-то Светско првенство во фудбал: Великаните на светскиот фудбал(27.) Гаринча – кривоногиот фудбалски ангел Кога Гаринча играше – Маракана грмеше, бразилската нација лудуваше/ Токму така, кога легендарниот бразилски фудбалер Мануел Франциско Сантос, познат како Гаринча, го играше Show da bola(бразилски израз на најубаво нешто, во случајот фудбалот), тоа беше вистинска фудбалска рапсодија. А замислете, кога ќе го видете Гаринча, на прв поглед, ви се чини дека не е во состојба да оди, а камоли да игра фудбал, а камо ли да биде извонреден. Десната нога свртена на навнатре, а левата на нанадвор. Едната нога икс, другата окс. Чиниш Мануел Франциско Сантос – Гаринча треба да заврши во циркус, а не на фудбалски терен. Но, видеата што ги изгледав за него и неговите игри на фудбалскиот терен, покажуваат дека само дајте му ја топката и човекот кого го викаа Гаринча “птицата палче“, со неа ќе го направи и незамисливото. Ете таков беше “ангелот со кривите нозе“. Неговиот физички изглед целосно ги залажуваше противничките играчи, и додека да се свестат или додека да трепнат, тој ги поминал, шутнал или додал и, се разбира гол. Неговиот трк, т.е. “бег“ беше молневит и краток – од нула. За да го изведе трикот, со очите…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti