klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

(ГАЛЕРИЈА) Мицкоски од Велес: Ова лето стартува и изградбата на подземна катна гаража

(ГАЛЕРИЈА) Мицкоски од Велес: Ова лето стартува и изградбата на подземна катна гаража
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·20. 07. 2026. 10:10:52

-Би сакал да изразам задоволство за сите овие проекти коишто се во фаза на реализација и проекти коишто ќе се реализираат во периодот којшто следи. Би сакал кратко само да го дополнам тоа што го спомена градоначалникот во делот на цевководот којшто треба да го поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост, посочи премеирот Христијан Мицкоски при работната посета на Велес. -Се направија напори со пренамена од министерството за животна средина и мислам дека тие неколку километри цевковод коишто недостасуваат со ребалансот ќе бидат обезбедени и ќе може да се поврзат тие 2 системи така што и уште едно прашање ќе биде санирано, решено, но како што кажа и градоначалникот нешто што е со децении уништувано преку ноќ не можеме да го решиме, но како и да е приоритет по приоритет ги завршуваме проектите и во таа насока ќе продолжиме и понатаму. Важно е да не создаваме некои нови проблеми коишто во суштина би претставувале проблем за граѓаните на Велес. Би сакал да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши, прилично мотивирана, прилично фокусирана навистина инспиративна е неговата работа. Би сакал да им се заблагодарам на советниците, на администрацијата во советот, на пратениците од Велес коишто се борат за…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti