Г.г. Стефан: Трите Илиндена не се само датуми, туку сведоштво дека Македонија постоела и постои

Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството, наведува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Илинденското послание. - Само доколку сме чесни, верни и воцрковени, ако се обединиме и се помириме како народ, ќе се одбраниме и ќе постоиме, трудејќи се да го запазиме единството на Духот преку врските на мирот, порачува меѓу другото поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан во посланието за Илинден. † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија[1]. „Мир и благослов од Бога до свештенослужителите, до монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква“ по повод илинденските…
