klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Г.Г. Стефан: Да се угледаме на Свети Климент и да го чуваме неговото наследство, зашто само така ќе се зачуваме и себеси

Г.Г. Стефан: Да се угледаме на Свети Климент и да го чуваме неговото наследство, зашто само така ќе се зачуваме и себеси
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 08:27:24

Споменот за Свети Климент Охридски е повикот и за нашето време, да го чуваме неговото наследство зашто само така ќе се зачуваме и себеси. Само она знаење коешто е проникнато со духовна смисла може да го изгради човекот како слободна и одговорна личност, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Ариепископија г.г. Стефан синоќа на Свечената академија „Во слава на словото“ по повод 1.110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 100 години од починувањето на Крсте Петков Мисирков. Древната словенска и македонска литература, посочи, никогаш не постоела одвоена од духовниот живот на народот. Таа извирала од молитвата и се влевала во молитвата. Во тоа се состои неминливото значење на делото на Свети Климент. Тој ни е сведочење дека книгата не е само цел, туку пат кон просветлување и дека вистинската вредност на словото не е да го информира човекот, туку да го преобрази. Архиепископот Охридски и Македонски нагласи дека секоја епоха со предизвиците што ги носи е повикана повторно да го постави прашањето за своите темели. А одговорот на тоа прашање, како што рече, секогаш започнува со сосеќавањето, зашто народот што ги заборава своите духовни учители постепено го губи и чувството за сопствениот пат, за сопствената иднина…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti