ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по основ на надоместоци за боледување, од кои: 420,3 милиони денари за надоместоци за породилно отсуство и 140,6 милиони денари за останати видови боледувања. Исплатите се реализираа по следната динамика: од 1 до 23 јули се исплатени 111 милиони денари за породилно отсуство и 93,5 милиони денари за останати боледувања, на 24 јули 25 милиони денари за породилно отсуство и 24 милиони денари за останати боледувања, на 27 јули 198 милиони денари за породилно отсуство и 17,7 милиони денари за останати боледувања, а на 28 јули 86,3 милиони денари за продилно отсуство и 5,4 милиони денари за останати боледувања. Според Фондот, ова претставува досега највисок износ исплатен во текот на еден месец за надоместоци по основ на породилно отсуство, што е уште една потврда за определбата на Фондот навремено да ги обезбедува средствата…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Dobrakovo, Božaj i Luka Bar neće biti spremni do 2028?
