Фудбал: Од игра на сиромашните, до игра на милионери

21-от век дефинитивно е век во кој фудбалот го освои светот. Со децении ја повторувавме романтичната фраза дека фудбалот е најважна споредна работа на светот. Меѓутоа, за неколку години е јубилејот 100 години светски првенства во фудбал, и ред е да направиме дистинкција помеѓу фудбалскиот бизнис и фудбалската игра. За доброто на фудбалот, за неговата иднина. Тоа од нас го бара како неговата едноставност, така и универзалниот карактер што го краси. Да, тој веќе е бизнис, ама првенствено е забава, спортска активност, посебен начин на живот. Ги спојува нациите и државите, во последните две-три дестлетија стана и платформа за борба против социјалната неправда, и што е најважно, тој е и алатка за социјален развој и позитивни промени. Потребата од дистинкција за која зборувам е наметната и од новосоздадениот концепт на фудбалот како спорт, но и алтка за социјална трансформација. Да се потсетиме на изговорената мисла ма легендарниот Пеле дека фудбалот е игра на сиромашните. Би додал спорт на народните маси. Да, ама така беше некаде до деведесетите години од минатиот век, отприлика до Светското првенство 1994г, одржано во САД. Од тогаш па до денес, работите вртоглаво се променија. До тогаш главни беа фудбалската игра, играчите, тренерите, клубовите и репрезентациите. Од…


