klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина за рак кај стјуардеса

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина за рак кај стјуардеса
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·26. 08. 2026. 20:06:16

Француски суд за првпат го призна космичко зрачење како една од причините за рак на дојка кај стјуардеса. Софи Лено (59), поранешна вработена во Ер Франс, побара нејзината болест да се признае како професионална, што судот во Бајон сега го потврди со историска пресуда. Судот утврди дека три фактори поврзани со работата придонеле за развојот на болеста: космичко зрачење, пасивно пушење и долготрајна ноќна работа. Пушењето било дозволено на летовите на Ер Франс до 2000 година. Со таа одлука, Лено, чија болест е во ремисија, добива право на предвремено пензионирање, а трошоците за понатамошно лекување ќе бидат целосно покриени од францускиот здравствен систем, јави Би-Би-Си. Адвокатите истакнуваат дека судот, признавајќи го ракот на дојка како официјален ризик за персоналот во авионите, отворил можност за други слични тужби. „Мојата најголема желба е оваа одлука да ги охрабри другите жени кои немале храброст да го преземат овој чекор“, рече Лено. Како стјуардеса, а подоцна и шеф на кабински екипаж во „Ер Франс“, Ленo имала 12.600 часа лет од 1989 до 2019 година, од кои повеќе од половина биле ноќе. Многу летови на долги релации од Париз ја однеле блиску до Северниот Пол, каде што изложеноста на космичко зрачење е најинтензивна. Студија на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti