klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Француската театарска група „Гвам“ во Битола го изведе „Танцот на водните нимфи“

Француската театарска група „Гвам“ во Битола го изведе „Танцот на водните нимфи“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·17. 10. 2026. 08:58:32

Француското конзуларно претставништво во Битола, Француската Алијанса и НУ Центар за култура во Битола во соработка со Францускиот Институт во Скопје, во рамки на првото издание на Фестивалот на улична уметност (French Connection) синоќа на Широк сокак во Битола приредија уличен перформанс. „Танцот на водните нимфи“ го изведе театарската трупа „Гвам“ чии уметници со љубопитство беа набљудувани, прифатени и поздравени од битолчани кои синоќа беа пријатно изненадени од нивниот перформанс на Широк сокак. -„Танцот на водните нимфи“ е музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство, вид на уметничкo интермецо кое лебди помеѓу небото и морето и ја носи публиката во хармонично вибрациско поле, изјави за МИА, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, Почесен конзул на Франција во Битола. Културниот настан беше организиран во пресрет на Скопје Европска престолнина на културата 2028 и во рамките на Програмата за културни и креативни индустрии на Францускиот институт во Париз. МИА

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti