Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја

Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник - Денот на падот на Бастилја. На парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од Коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа. Почесни гости се украинскиот претседател Володимир Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на Коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер. Парадата традиционално започнува со настап на акробатската ескадрила „Патрола на Франција“, по што следуваат два авиона „Мираж 2000“ со француски пилоти и нивни украински колеги, обучени за управување со тој тип борбени авиони. Во воздушниот дел ќе учествуваат и авиони од десет европски држави. Во рамки на свеченоста ќе им биде оддадена почит на француските сили распоредени на источниот фронт на НАТО, особено во Романија и Естонија, како и на француската морнарица која оваа…
Povezane vijesti

Zanimljiv test ličnosti: Ono što prvo vidite na slici govori mnogo o vašoj ličnosti
CRNI BILANS RASTE Broj mrtvih u zemljotresima u Venecueli porastao na 4.829
