Франција и Италија бараат формирање на коалиција за поддршка за Либан по завршувањето на УНИФИЛ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера побараа формирање на меѓународна коалиција за поддршка на Либан по завршувањето на мировна мисија на Обединетите нации (УНИФИЛ). - Како што знаете, мисијата УНИФИЛ завршува на крајот од годината и веруваме дека е потребно да се обезбеди меѓународно присуство што ќе спречи исклучително опасен безбедносен вакуум, изјави Мелони по средбата со Макрон во Антиб. Таа наведе дека Рим и Париз се согласиле да иницираат коалиција за поддршка на Либан по завршувањето на мисијата на ОН и оти планираат да организираат меѓународна конференција за унапредување на иницијативата. Макрон посочи дека приоритет ќе биде зајакнување на суверенитетот на Либан и неговите вооружени сили, а воедно да се спречи неговата територија да стане почетна точка за поширок регионален конфликт. Тој наведе дека ќе треба да се разговора со либанските власти за да се воспостави широка коалиција и да се дефинира нејзиниот мандат. Советот за безбедност на ОН во август 2025 година одлучи да ја прекине мисијата УНИФИЛ, основана во 1978 година за следење на граничната област помеѓу Израел и Либан. Се очекува либанската армија да ја преземе одговорноста по нејзиното повлекување.
Povezane vijesti

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Љубов, ново семејство и концерт од соништата: Тајзи ја најавува најголемата вечер во својата кариера
