klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·04. 08. 2026. 10:35:54

Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија, со кој повторно поставува нови стандарди во локалното управување и одржливиот развој. Станува збор за првиот проект од ваков вид во Република Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на покривите на сите седум општински основни училишта ќе бидат поставени современи фотоволтаични системи за производство на електрична енергија. Проектот ќе се реализира без дополнителен финансиски товар за буџетот на Општина Ѓорче Петров, а согласно моделот на јавно-приватно партнерство, општината ќе остварува 18 проценти од приходите што ќе се генерираат од производството на електрична енергија. Со реализацијата на овој проект, покривите на училиштата ќе добијат нова функционална вредност, ќе се произведува чиста и обновлива енергија, ќе се унапреди енергетската ефикасност на образовните објекти, а ќе се обезбеди и нов извор на приходи што ќе бидат повторно инвестирани во проекти од интерес за граѓаните. Покрај економските придобивки, проектот има и значајна еколошка компонента, придонесувајќи кон намалување на емисиите на штетни гасови и поттикнување на користењето обновливи извори на енергија, во согласност со современите европски стандарди за одржлив развој. Со оваа инвестиција, Општина Ѓорче Петров уште…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti