klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФОТО: Засадени 60 нови дрвја во Градскиот парк откако невремето направи пустош

ФОТО: Засадени 60 нови дрвја во Градскиот парк откако невремето направи пустош
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 07. 2026. 09:50:51

60 нови садници се засадени во Градскиот парк откако невремето проследено со оркански ветер направи пустош во зелената градска оаза. -Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Посочи дека ова е само почеток и дека Градскиот парк ќе биде оплеменет со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини. - На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град, Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано, вели скопскиот градоначалник.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti