klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФОТО Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Долно Нерези

ФОТО Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Долно Нерези
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 07. 2026. 10:33:19

Општина Карпош во соработка со Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, започнува акција за реконструкција на водоводната мрежа на улицата Глигор Чемерски (поранешна Партизанска 11), во населбата Долно Нерези. По повод почетокот на градежните активности, денеска на терен увид извршија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и претставници од ЈП „Водовод и канализација“ и изведувачот на градежниот зафат. За реализација на реконструкцијата на водоводната мрежа во должина од 125 метри, ЈП „Водовод и канализација“ изработи Основен проект, кој содржи детална спецификација на материјалите предвидени за вградување на предметната улица. Општина Карпош, преку избран изведувач за интервентни активности, ќе ги реализира градежните работи кои опфаќаат ископ, затрупување и асфалтирање на коловозот, со што по завршување на реконструкцијата улицата ќе биде целосно вратена во првобитна и функционална состојба. Со реализација на овој проект, кој е резултат на заедничка соработка помеѓу Општина Карпош, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“, ќе се надмине повеќегодишниот проблем со недоволен воден притисок со кој се соочуваа жителите од овој реон на Карпош. Во рамки на денешната средба, градоначалникот Лукровски оствари средба и непосреден разговор со жителите од Долно Нерези при што ги информираше за динамиката на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti