klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

ФОТО: Започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

ФОТО: Започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·14. 07. 2026. 10:23:56

Општина Илинден продолжува со инвестиции во спортската инфраструктура и создавањето современи услови за спорт и рекреација во сите населени места. Во рамки на Програмата за реконструкција на спортски игралишта, започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што граѓаните ќе добијат безбеден и функционален простор за спортски активности. Реконструкцијата опфаќа целосна обнова на теренот и спортската опрема. Предвидено е поставување на нова пластифицирана заштитна мрежа, бојадисување на металната конструкција, замена на кошаркарските табли и обрачи, поставување нови столбови и анкерни плочи, монтажа на 2Д заштитна мрежа, набавка на нови голови, поставување јутена мрежа зад головите, како и поставување вештачка трева на површина од над 920 метри квадратни и ПП пластични плочки на површина од над 430 метри квадратни. Во рамки на проектот ќе биде извршена и подготовка на асфалтната подлога, како и поставување нови метални профили, со што игралиштето ќе добие целосно нов и современ изглед, во согласност со предвидените технички стандарди. „Продолжуваме со конкретни инвестиции кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните. Со реконструкцијата на спортското игралиште во Марино создаваме современ, безбеден и функционален простор каде што младите, спортистите и сите рекреативци ќе можат да спортуваат и да го поминуваат слободното време.“, истакна градоначалникот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti