ФОТО: Водно добива моторички парк, паднатите дрвјата во невремето добија нова намена

Градот Скопје продолжува со активностите за санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати главниот град, при што покрај расчистувањето на штетите, се реализираат и проекти кои создаваат нова вредност за граѓаните. Наместо здравите делови од дрвјата што беа соборени од невремето да завршат како отпад, тие добиваат нова намена. Од Градот соопштуваат дека од нив на Водно се изработува нов моторички парк – простор со природни препреки и реквизити, наменет за развој на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. -Моторичкиот парк ќе биде достапен за деца, млади и возрасни, нудејќи можност за рекреација, физичка активност, дружење и повеќе време поминато во природа. Паралелно со оваа активност, на местата каде што се отстранети паднатите дрвја веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе започне и голема есенска акција за пошумување на Скопје. Проектот е дел од пошироките активности за обнова и унапредување на Водно. Во изминатиот период започна уредување на пешачките патеки и обнова на урбаната опрема, која со години беше запоставена, велат од Град Скопје. Во насока на зголемување на безбедноста на посетителите, на Водно и Матка веќе функционира и Планинската спасителна служба, која е подготвена за брзи и професионални интервенции во…
Povezane vijesti

Obmanjujuće političke reklame u Srbiji sa rumunskim vezama: BBC istraživanje

Макрадули доби кривична од „Финансова“: Ја злоупотребил службената положба и ја оштетил „Пошта“ за скоро 11 милиони денари
