klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

(ФОТО) Водно доби нов моторички парк: Од паднатите дрвја создадена нова вредност за граѓаните

(ФОТО) Водно доби нов моторички парк: Од паднатите дрвја создадена нова вредност за граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 08. 2026. 08:55:16

Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, дружење и развивање здрави навики кај сите генерации. На планината е изграден нов моторички парк, со природни препреки и реквизити наменети за развивање на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност. Моторичкиот парк е изработен од здравите стебла на паднатите дрвја по силното невреме што го зафати Скопје. Наместо дрвниот материјал да заврши како отпад, тој е искористен за создавање нова и трајна содржина за граѓаните. „Нашата обврска не е само да ја санираме штетата предизвикана од невремето, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните. Здравите стебла од паднатите дрвја добија нов живот и нова намена – денес од нив имаме простор исполнет со движење, енергија и живот“, истакна градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Паркот е наменет за различни возрасни групи. Децата преку игра ќе можат да ги развиваат своите моторички способности, додека младите и возрасните ќе имаат дополнителен простор за вежбање, рекреација и квалитетно поминување време во природа. По примерот на Водно, вакви моторички паркови ќе бидат изградени и во Парк-шумата Гази Баба и во Сарај, со што ќе се создадат дополнителни рекреативни содржини на повеќе локации во Скопје. Паралелно со уредувањето на просторот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti