klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

(ФОТО+ВИДЕО) Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“

(ФОТО+ВИДЕО) Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·04. 07. 2026. 10:46:21

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел. Премиерот се обрати пред присутните, во продолжение ви го пренесуваме говорот во целост: „Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани. Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште кои не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна. Да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја прави овде во Бутел, да се заблагодарам на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Бутел, на пратеничката којашто доаѓа оттука од Општина Бутел којашто секогаш…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti