klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

ФОТО+ВИДЕО: Мадона го прослави роденденот во Грција, Мицотакис ѝ честиташе

ФОТО+ВИДЕО: Мадона го прослави роденденот во Грција, Мицотакис ѝ честиташе
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 08. 2026. 09:07:38

Светската поп ѕвезда Мадона, 68-от роденден го прослави во Грција, ги посети Метеора и островите Крф и Патмос, а на социјалните мрежи со нејзините фанови сподели фотографии, но и видео од прославата, кое пак го презеде и грчкиот премер Кирјакос Мицотакис ѝ и го честиташе роденденот, јави дописничката на МИА од Атина. - Роденден ми е. Сите станете и танцувајте, напиша Мадона за видеото придружено со истоимената нејзина песна. Во објавата што ја сподели на Инстаграм, танцува со семејството и пријателите на Крф и на јахта, дува свеќички на роденденската торта, а во видеото има и делови од нејзината посета на Метеора. Видеото и објавата на Мадона не останаа незабележани од грчкиот премиер, кој утрово конкретното видео го сподели на стори на неговиот Инстаграм профил. - Среќен роденден Мадона! Драго ми е што убаво си помина во Грција! Да дојдеш и следната година, напиша Мицотакис. Пред три дена, по ѕвездата на Инстаграм сподели и фотографии од прославата на роденденот на Крф.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti