klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

(ФОТО) Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

(ФОТО) Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 08. 2026. 10:15:31

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае. Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани. Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации. Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје. Кејот е пулсот на Скопје,место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор. Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti