klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

ФОТО: Се ожени Мистер Бист, најпопуларниот јутјубер во светот

ФОТО: Се ожени Мистер Бист, најпопуларниот јутјубер во светот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 07. 2026. 09:10:52

Мистер Бист, еден од најпознатите Јутјубери, и неговата сакана, Теа Бојсен, сега официјално се сопруг и сопруга, а веста ја објавија сите светски медиуми. Мистер Бист, чие вистинско име е Џими Доналдсон, и Теа Бојсен го кажаа судбоносното „да“ во кругот на семејството и блиските пријатели, а самата свадбена церемонија се одржа на островот Некер. Прославата, која траеше една недела, започна на 14 јули, а Доналдсон (28) и Бојсен (28) ја комбинираа свадбата со одмор исполнет со бројни активности, пишува „Пипл“. View this post on Instagram A post shared by MrBeast (@mrbeast) Најголемо внимание привлече невестата, која за оваа пригода одлучи да носи венчаница од чипка изработена по нарачка од Никол + Фелиција Кутјур. Фустанот е исто така украсен со цветен мотив, а целокупниот стил беше во духот на летната сезона. Што се однесува до Мистер Бист, тој избра смокинг од Ралф Лорен во комбинација од бело и црно. Првиот танц младенците го одиграа на песната „Die With a Smile“ од Лејди Гага и Бруно Марс, што беше емотивен момент за нив. Двојката се запознала преку заеднички пријател во 2022 година во Јужна Африка, од каде што е Бојсен, а ја потврдија својата врска истата година. Патем, Теа дипломирала право…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti