ФОТО: Се чистат шахтите и сливниците, Град Скопје подготвен за најавеното силно невреме

Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот. -Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, целосно е мобилизиран, а екипите ќе бидат постојано присутни на терен, подготвени навремено да интервенираат и да се справат со можните последици. Сите расположливи човечки и технички капацитети се ставени во функција, со цел заштита на граѓаните, имотот и градската инфраструктура, како и спречување поголеми штети. Ваквите активности се спроведуваат секојдневно, но за ефикасно функционирање на системот неопходна е и одговорност од сите нас. Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи тој го блокира протокот и оневозможува правилно одведување на дождовната вода, вели Ѓорѓиевски. Град Скопје останува буден, мобилизиран и во целосна служба на граѓаните.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Nakon Wimbledona Mate Pavić stigao u Split, Šuta otkrio velike planove
