klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ФОТО: Пуштен во употреба реконструираниот градски базен во Кавадарци

ФОТО: Пуштен во употреба реконструираниот градски базен во Кавадарци
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·23. 07. 2026. 12:44:27

Со инвестиција вредна околу еден милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, денеска официјално беше пуштен во употреба целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Реконструкцијата опфати целосна обнова на базенскиот комплекс, вклучувајќи нов систем за филтрација и пречистување на водата, реконструкција на големиот и малиот базен, поставување водни атракции и тобогани, детски реквизити, современо игралиште, обновени соблекувални, санитарни јазли, лекарска просторија, пристапни патеки и други придружни содржини. Од Општина Кавадарци истакнаа дека новиот базен претставува модерен спортско-рекреативен комплекс кој нуди безбедност, удобност и забава за сите генерации и ќе биде една од најатрактивните летни дестинации во земјава. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, во изјава за медиумите изрази задоволство што по 40 години од изградбата, се реконструира овој објект. Со тоа, како што подвлече, Кавадарци добива еден најсовремен и комплетен рекреативен центар. Тој појасни дека станува збор за инвестиција, поддршка од Владата преку унгарскиот заем, комплетен грант за општина Кавадарци. - Морам да изразам голема благодарност до премиерот и сите членови на Владата за ваквата поддршка. Се гради и затворениот базен - рече Јанчев. Тој истакна дека е ова еден од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti