(ФОТО) Претрес во Скопје: Запленети пет килограми марихуана, татко и син уапсени

Во полициска акција спроведена денеска во Скопје, полицијата заплени околу пет килограми марихуана, а лишени од слобода се две лица – татко и син, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Љ. (51) од Скопје. При претресот биле пронајдени околу пет килограми наркотична дрога марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Од слобода се лишени С.Љ. и неговиот син Б.Љ. (19). По целосното документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по итна постапка.
Povezane vijesti

Uhapšena braća Ivanović osumnjičeni za ubistvo u Baru

ВИДЕО | Ирански генерал: САД го употребија секое оружје што го чувале за Третата светска војна
